Во моментов градежната механизација се работи на четириесетина патни правци низ цела држава, за што се обезбедни 360 милиони евра, информира директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми.
„Во тек е интензивна работа на изградба, реконструкција и рехабилитација на 40-тина патни правци со вкупна должина од над 540 километри за што Јавното претпријатие за државни патишта обезбеди 360 милиони евра од кои 46,5 милиони евра од буџетот на ЈПДП, а инвестиции од странски кредити обезбедивме 216,5 милиони евра. Овој факт говори дека ние како инвеститори во име на Владата реализираме крупни капитални инвестиции кои ќе бидат влог за идните генерации бидејќи инфраструктурното поврзување меѓу градовите, населените места, селата и регионите значи создавање на услови за поквалитетно поврзување со регионот и обезбедување на развој на економијата, изјави Рустеми.
Овој инвестициски циклус, како што најави, ќе го заокружиме со изградбата на 130 километри автопатишта кои им ги доверивме на американско-трускиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кои наскоро треба да почнат со активности бидејќи процедурите се при крај. – Нивна главна задача ќе биде осовременување на клучните патни артерии, односно на двата коридора 8 и 10, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Рустеми .