Британскиот премиер Риши Сунак го отпушти Надим Захави, министер без портфолио и претседател на Конзервативната партија поради даночна афера односно прекршување на етичките правила.
Во писмото до Захави, Сунак вели дека независното разгледување на прашањето е завршено и „дека е јасно постоење на сериозно прекршување на министерскиот законик. Како резултат на тоа, ве информирав за мојата одлука да ве отстранам од вашата позиција“.
Захави, 55, призна дека бил „невнимателен“ со даноците, но и дека подмирил ретроактивен мултимилионски долг кај даночните служби. Откритието дека тој исто така добил казна поради тоа што не ја подмирил точната сума во вистинско време - доведоа до зголемен притисок од неговата партија за оставка или отказ.
Заминувањето на политичар кој беше министер без ресор во Кабинетот на Сунак ќе биде олеснување за премиерот откако контроверзите станаа закана за отфрлање на неговата администрација од курсот и го одвлекуваа вниманието од неговиот наведен приоритет за заживување на замрената британска економија. Ситуацијата му овозможи на лидерот на Лабуристичката партија Кир Стармер да го обвини Сунак дека е „безнадежно слаб“ затоа што не успеал да го отпушти Захави и да направи врска помеѓу даночните работи на претседателот на партијата и сопругата на Сунак, Акшата Мурти, која уживала таканаречен даночен нон-дом статус кој и овозможува да не плаќа данок во Британија за приходите што ги има надвор од земјата
Откако првично застана покрај Захави, Сунак нарача истрагата велејќи дека неговиот колега со изјавата за неговите даночни плаќања била причина да се премисли. Во средата, тој соопшти дека е правилно да се остави „правната постапка“ да се одвива и да се чека исходот од истрагата, сугерирајќи исто така дека лесната опција би била веднаш да го отпушти.
Самиот Захави поминал неколку дена кажувајќи им на колегите дека не направил ништо лошо, според конзервативниот пратеник Бим Афолами. Но, гневот меѓу пратениците од ториевците растеше.
Еден министер од кабинетот и неколку конзервативни пратеници приватно рекоа дека Захави треба да поднесе оставка. Во четвртокот, во извештајот на „Тајмс“ се сугерираше дека Сунак бил „напнат“ со Захави, тврдење кое го негираше кабинетот на премиерот.
Захави во својата изјава на 14 јануари рече дека даночните служби заклучиле дека тој бил „невнимателен и ненамерен“ во неговите даночни обврски. Неговата даночна обврска која се однесуваше на продажбата на акциите во компанијата за анкетирање „ЈуГов“(YouGov) што тој ја коосноваше, изнесуваше вкупно 4,8 милиони фунти (5,9 милиони долари), вклучително и казна од 30 проценти, според лице запознаено со ова прашање.
„Нема казни за невини грешки во вашите даночни работи“, изјави главниот извршен директор на ХМРЦ, Џим Хара пред Комитетот за јавни сметки на Парламентот, зборувајќи генерално за даночните работи
Пратениците од ториевците, исто така, ги опишаа како неприфатливи извештаите дека Захави се заканувал со правна постапка против оние кои сакаат да ги објават неговите односи со даночната управа. Ден Нидл, блогер и поранешен шеф на даноците во Клифорд Ченс, кој направи голем број откритија за ова прашање минатата година, изјави за радиото „Блумберг“ претходно оваа недела дека бил цел на таков обид.
„Наместо да каже дека можеби има проблем, тој истовремено издаде низа деманти со закани дека ќе ме тужи мене и другите што известуваат за тоа“, рече Нидл.