„На Запад инфлацијата ја нарекуваат со мое име“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Според него, растот на цените во Европа е резултат на грешки и тоа нема никаква врска со Русија.
„Ако некој се обиде да не ограничи на некој начин – се ограничува себеси. Тие се обидуваат, условно, да го ограничат извозот на нашето ѓубриво, а цените повеќе скокнаа кај нив отколку кај нас. Се обидуваат да ни ја ограничат енергијата – цените повторно вртоглаво пораснаа. Таму веќе ја нарекуваат инфлацијата со мое име, а ние немаме апсолутно никаква врска со тоа“, рече рускиот претседател, пренесе Спутник.
Тој додаде дека порастот на цените на Запад е резултат на нивните грешки.
„Тие самите ги направија тие грешки. Сега се обидуваат да го скријат тоа место, се префрлаат во Русија, дека Русија е виновна за се. Немаме никаква врска со тоа. Тие од година во година, со децении воведоа рестрикции и водеа политики во областа на рестрикциите и доведоа до сегашната состојба. Потоа преминаа на санкции и ја влошија ситуацијата“, истакнал Путин.
Тој рече и дека Русија нема да има „затворена економија“.
„Нашата економија ќе биде отворена. Невозможно е да се огради земја како Русија. А ние самите не планираме да подигнеме таква ограда“, прецизира Путин.