Американската економија веројатно ќе падне во блага рецесија до крајот на 2022 година затоа што Федералните резерви ја подигнаа каматната стапка за да ги скротат цените, сметаат економсистите од Nomura Holdings Inc.
Nomura предупредува дека финансиските услови дополнително ќе се заоструваат. Исто така напоменуваат дека се влошуваат расположението на потрошувачите, снабдувањето со енергија и храна и изгледите за глобалниот раст.
„Заради брзото забавување на растот и ФЕД кој е посветен на тоа да ги стаблизира цените, веруваме дека благата рецесија која ќе почне во четвртиот квартал од 2022, сега е веројатна“ “, напишаа економистите Aichi Amemiya и Robert Dent.
„Зголеменото штедење и билансите на потрошувачите ќе помогнат да се ублажи брзината на економската контракција“ велат тие, но наведуваат дека монетарната и фискалната политика ќе бидат ограничени од високата инфлација.
Nomura ја намали својата прогноза за реалниот БДП за оваа година на 1,8 отсто, споредено со 2,5 отсто од претходно. Проекцијата за следната година е намалена за еден отсто споредено со претходните 1,3.
Анализата доаѓа по изјавата на министерката за финансии, Janet Yellen, која рече дека „неприфатливо високите“ потрошувачки цени најверојатно ќе останат до 2022 година и дека очекува американската економија да забави.
Исто така, претседателката на Банката на Федералните резреви на Кливленд, Loretta Mester изјави дека се зголемува ризикот од рецесија во американската економија и дека ќе бидат потребни неколку години за САД да се вратат на целта на централната банка за стапка на инфлација од два отсто.
„Со оглед на тоа дека месечната инфлација во 2022 веројатно ќе остане повисока, веруваме дека одговорот на ФЕД на падот ќе биде пригушен“, напишаа аналитичарите на Nomurа.
Тие очекуваат дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи и во 2023, но со послабо темпо и ќе достигнат 3,50-3,75 отсто во февруари.