Помалку од еден месец откако беше принуденa да организира договор меѓу два швајцарски банкарски гиганти, владата на земјата неделава треба да се соочи со пратениците во парламентот.
Пратениците се собраа во вторникот на специјална седница, откако министрите предводени од претседателот Алан Берсе се согласија да обезбедат до 109 милијарди франци (120 милијарди долари) пари од даночните обврзници за поддршка на преземањето на „Кредит Суис“ (Credit Suisse Group AG) од страна на УБС (UBS Group AG).
Иако парламентот може малку да направи за да го попречи договорот, пратениците веројатно ќе се обидат да ја натераат владата да ги промени правилата и да поведе правна постапка против менаџментот во „Кредит Суис“. Во овој момент не е јасно кои директори би можеле да бидат цел.
Прочитај повеќе
УБС: Интеграцијата на „Кредит Суис“ може да трае до четири години
Претседателот на УБС, Колм Келехер, рече дека интеграцијата на „Кредит Суис“ ќе трае од три до четири години.
05.04.2023
Претседателот на „Кредит Суис“ искрено жали за неуспехот
Претседателот на „Кредит Суис“, Аксел Леман, им се извини на акционерите за неуспехот да го спречи губењето на довербата во банката.
04.04.2023
По преземањето на Кредит Свис, УБС отпушта над 30.000 лица
УБС Груп ќе ја намали работната сила меѓу 20 и 30 отсто
02.04.2023
Ермоти одново извршен директор на УБС, ќе го надгледува преземањето на „Кредит Суис“
УБС објави дека Серџо Ермоти се враќа на позицијата главен извршен директор, на местото на Ралф Хамерс, по нешто повеќе од две години откако тој е на чело.
29.03.2023
Со оглед на тоа што спојувањето беше дочекано со мал ентузијазам во јавноста, за време на изборна година, веројатно ќе има голема политичка тензија.
Еве што треба да знаете:
Зошто се состанува парламентот?
Владата го протурка преземањето со закон за вонредни состојби, па парламентот - исто како и акционерите - не доби збор. Сепак, договорот вклучуваше ветувања за јавни средства, поради што пратениците имаат право да свикаат специјална седница.
Дебатата веројатно е повеќе за зачувување на образот отколку за реално менување на работите, но пратениците имаат можност да ѝ направат непријатност на владата.
Многу е ретко швајцарскиот парламент - кој вообичаено се состанува само 12 недели секоја година - да закаже посебна седница што не е поврзана со неговиот редовен распоред. Меѓу ваквите примери беа ситуациите кога се разговараше за мерките против пандемијата на коронавирусот и колапсот на националниот авиопревозник „Свисер“ (Swissair) во 2001 година.
Зошто парламентот нема да може да го запре договорот?
За време на викендот се преговараше за преземањето, а владата побара од мала група високи пратеници - т.н. финансиска делегација - да го потпишат договорот. Тоа шестчлено тело може да се согласи за итни фискални прашања во име на парламентот.
Администрацијата вели дека пратениците не можат да ја поништат одлуката на делегацијата: „Ако парламентот одбие последователно одобрување, тоа ќе биде еднакво на политичка опомена за финансиската делегација, без правен ефект“.
Што друго е на масата?
Имајќи предвид дека финансиската помош за банките не е популарна меѓу швајцарската јавност, пратениците сакаат да ја ограничат слободата на владата во извршувањето на договорот. Тие ќе се обидат да го направат тоа со вметнување одредби во амандманите за буџетот, кои се потребни за да се пресмета потенцијалната јавна потрошувачка на банките.
Предложените услови вклучуваат владата да не може слободно да го прошири државниот лимит над договорените 109 милијарди франци и барање да ги исцрпи сите правни опции против одговорните менаџери во „Кредит Суис“.
Пратениците исто така бараат ревизија на швајцарската регулатива за системски релевантни банки, имајќи предвид дека постојната рамка не ја спречи кризата. Втората по големина партија во парламентот, централнолевичарските социјалдемократи изјавија дека ќе ја одобрат државната помош само доколку владата јавно се обврзе на новите правила што би спречиле случај како „Кредит Свис“ во иднина.
Како ќе влијае кризата на октомвриските избори?
За потсетување: извршната власт на Швајцарија не е составена од коалиција или целосно мнозинство, туку од седум министри од четирите најголеми партии во земјата. Тие обично носат одлуки со консензус и се обидуваат да најдат прагматични компромиси - честопати надвор од партиските линии.
Министрите јавно не се противат на владините одлуки, без оглед на ставот на нивните партии за некоја работа или како тие лично гласале зад затворени врати.
Оваа поставеност значи дека парламентот им нуди на партиите платформа од највисок профил за да ги поколебаат гласачите.
Според анкетите, социјалдемократите на Берсе се сметаат за покредибилни од која било друга партија поврзана со кризата, што помага да се објасни нивниот агресивен став во парламентот. Спротивно на тоа, гласачите се најмалку импресионирани од пробизнис-либералите на министерката за финансии Карин Келер-Сатер.