Канадскиот премиер, Justin Trudeau, вели дека неговата земја бара начини да ја прошири енергетската инфраструктура за да и помогне на Европа на среден рок да се оттргне од руските гас и нафта.
Trudeau, зборувајќи пред новнарите на крајот на Самитот на Г7 во Германија, рече дека постојат можности за изградба на постројки преку кои ќе може да се извезува природен гас во Европа, но не даде детали. Инфраструктурата во иднина би можела да се користи за извоз на водород, вели тој, држејќи се до климатските цели на Канада на долг рок.
„Канада се обидува на среднорочно да ја прошири инфраструктурата, но на начин кој на среден и долг рок ќе ја забрза транзицијата не само од руски гас и нафта туку и од глабалната зависност од фосилни горива заради влијанието врз климатските промени“, рече Trudeau.
Trudeau вчера имаше билатерална средба со германскиот канцелар Olaf Scholz, на која двајцата лидери разговарале за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Scholz ќе престојува во официјална посета на Канада во август. Германија и Канада ги разгледуваат опциите ЛНГ терминалот на канадскиот источен брег да се користи за потребите на Европа.
„Имаме многу разговори со канцеларот Scholz и се радувам што ќе ги продолжиме во август кога тој ќе дојде во Канада“, вели Trudeau.