Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека САД и Кина мора „директно“ да комуницираат за конкретни економски прашања, со што ја повтори потребата од подобрена комуникација меѓу двете страни на средбите со кинеските лидери.
Пекинг и Вашингтон би можеле да донесат подобри одлуки за зајакнување на своите економии доколку блиску комуницираат и разменуваат мислења за различни предизвици во рамките на „комплицираното“ глобално економско опкружување, му рече Јелен на својот кинески колега, вицепремиерот Хе Лифенг.
„Верувам дека големи делови од нашите економии можат да работат заедно на начини кои не се контроверзни за ниту една влада“, рече Јелен на вчерашниот сосотнок со Хе. „Фактот дека, и покрај неодамнешните тензии, постигнавме рекорд во билатералната трговија во 2022 година, сугерира дека нашите компании имаат многу простор за трговија и инвестиции“, додаде таа.
Прочитај повеќе
Јелен: Грижата за безбедноста во однос на Кина ги засенува економските интереси
И покрај грижата за безбедноста, Јелен апелира до Пекинг да соработува за заедничките глобални грижи.
20.04.2023
Јелен: Санкциите кон други земји претставуваат ризик за доларот
Санкционираните држави се обидуваат да изнајдат алтернатива за американската валута.
17.04.2023
Кина и САД треба да ги здружат силите во борбата против климатските промени, рече Јелен претходно во саботата.
„Климатските промени се на врвот на листата на глобални предизвици, и САД и Кина мора заедно да ја решат оваа егзистенцијална закана“, рече Јелен во Пекинг на тркалезната маса за одржливи финансии.
И покрај зголемените тензии меѓу Кина и САД, Јелен честопати тврдеше дека двете нации, како двете најголеми светски економии, имаат должност да работат заедно на големите глобални предизвици, вклучувајќи ги еколошките прашања и високата задолженост на сиромашните земји.
Споделена одговорност
„Како два најголеми светски емитери на стакленички гасови и најголеми инвеститори во обновлива енергија имаме заедничка одговорност – и можност – да го водиме патот“, рече Јелен во саботата наутро на собир на кинески и меѓународни експерти за климата.
Вчера беше втор ден од официјалната посета на Јелен на Пекинг. Главна цела на патувањето е обновување на каналите за комуникација меѓу двата геополитички ривали.
Јелен во петокот се состана и со кинескиот премиер Ли Кианг. Министерството за финансии соопшти дека на сосонокот требало да се разговара за пошироките односи меѓу САД и Кина. Поверојатно е дека на нејзината средба со Хе ќе се разговара за конкретни прашања важни за двете страни, напомена американското министерство.
Кинеската официјална новинска агенција „Ксинхуа“ во својот извештај објавен во петокот вечерта рече дека Ли ги издвоил меѓусебните придобивки како основа на кинеско-американските односи и повика на зајакнување на комуникацијата и зајакнување на консензусот за билатералните економски прашања. Двете страни треба да имаат чесни, длабоки и прагматични преговори, објави Ксинхуа во пораките на премиерот.
Во Пекинг, Јелен има намера да им ја објасни на своите кинески колеги американската стратегија што ја формулираше во април, а која има за цел да ја одбрани американската национална безбедност без потреба да ја поддржува Кина економски.
„САД ќе ги преземат сите насочени чекори за да ја заштитат нашата национална безбедност“, рече Јелен на почетокот на нејзината средба со Хе. „И додека можеме да не се согласуваме за тие потези, не смееме да дозволиме тоа несогласување да доведе до недоразбирање, особено ако тоа е резултат на недостаток на комуникација што може непотребно да ги влоши нашите билатерални и финансиски односи“, рече таа.
Трговска војна
САД и Кина сè уште се заглавени во трговска војна која ескалира минатата година откако САД го ограничи извозот на опрема за производство на полупроводници и процесори.
Администрацијата на Бајден подготвува регулатива со која би се ограничиле американските инвестиции во Кина, кои би можеле да го видат светлото на денот веќе овој месец и ќе опфатат конкретни инвестиции во чувствителна технологија, вклучувајќи полупроводници, вештачка интелигенција и квантно пресметување.
Во меѓувреме, Владата на кинескиот претседател Кси Џинпинг, неколку дена пред пристигнувањето на Јелен, воведе рестрикции за два клучни минерали кои се користат во напредните технологии. Во петокот, таа изјави на тркалезна маса на американски бизнисмени кои работат во Кина дека е „загрижена“ поради ограничувањата.
Пораката на Јелен до кинеските власти е дека конкуренцијата меѓу двете земји не е ситуација во која победникот зема се, туку дека двете страни треба да го ограничат своето ривалство со збир на фер правила.
Директна комуникација
Таа ги повтори своите коментари на Хе, велејќи дека „таму каде што има загриженост за конкретни економски прашања, ќе мора директно да комуницираме“.
Во американското Министерство за финансии не очекуваат големи промени од официјалниот престој, а повеќе се склони да кажат дека посетата е со цел изградба на долгорочни канали за комуникација со новиот економски тим на кинеската влада.
Односите меѓу Кина и САД сега се само белег на она што некогаш беа. Министрите за финансии се среќаваа со своите кинески колеги на секои шест месеци преку „Стратешкиот економски дијалог“, но таквите средби престанаа за време на администрацијата на Доналд Трамп, кој воведе низа царини за производите од Кина.
Иако официјални лица од американското Министерство за финансии изјавија дека досега за време на посетата на Јелен немало посебна дискусија за обновување на таков дијалог, преговорите со Хе би можеле да го определат начинот на кој двете страни можат адекватно да комуницираат.
Со помош на Јујинг Лиу