Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска пристигнува во еднодневна посета на Република Северна Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата високиот европски претставник ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.
Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија.