Откако беше уапсен во четвртокот во Џорџија, поранешниот американски претседател Доналд Трамп успеа да собере донации од 7,1 милиони долари. Неговата кампања ја искорисити фотографијата направена додека тој беше во затворот во округот Фултон, за да привлече донатори.
Трамп собра 4,18 милиони долари во петокот, што е најголем поединечен дневен износ за неговата кампања за претседателските избори во 2024 година, тврди близок извор. Кампањата собра речиси 20 милиони долари во изминатите три недели - период кој ги опфаќа неговите две најнови обвиненија во Вашингтон и Џорџија.
Собирањето средства забрза откако Трамп се врати на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, за првпат од јануари 2021 година. Според анонимен извор, тој се вратил на мрежата исклучиво за да ја објави фотографијата по апсењето и линк до страницата на неговата кампања.
Прочитај повеќе
Трамп се предаде, беше во затвор 20 минути, па затворската слика ја сподели на X
Доналд Трамп се предаде во затвор во Атланта под државно обвинение за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во Џорџија во 2020 година.
25.08.2023
Трамп уверен во водството - нема да учествува во првичните претседателски дебати
Доналд Трамп најави дека ќе ги прескокне првичните дебати против другите републикански претседателски кандидати.
21.08.2023
Ново обвинение против Трамп - во 2020-та вршел притисок да се променат изборните резултати
Големата порота во сојузната американска држава Џорџија го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД.
15.08.2023
Трамп обвинет за одземање на тајни владини документи
Пријавите вклучуваат задржување документи и заговор за манипулација.
09.06.2023
Што опфаќаат 34. точки од обвинението против Трамп
Доналд Трамп е првиот поранешен американски претседател што се соочува со кривично гонење.
05.04.2023
Трамп обвинет поради наводната тајна исплата на порноактерка
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет во Њујорк.
31.03.2023
„Политико“ претходно ги објави тие бројки. Собраните 7 милиони долари се околу една петтина од над 35 милиони долари што ги доби во текот на вториот квартал преку Заедничкиот комитет за собирање средства „Трамп спаси ја Америка“ (Trump Save America).
Во деновите откако големата порота на Менхетен го обвини Трамп на 30 март поради обвиненијата за плаќање на порноактерката Сторми Даниелс да молчи за нивниот однос, кампањата објави дека собрала 15,4 милиони долари. Од таму, исто така, известија дека собрале 6,6 милиони долари „за неколку дена“ откако специјалниот советник Џек Смит го обвини Трамп пред федералниот суд. Обвинението има 37 точки поврзани со неправилно раководење со доверливи материјали и заговор да се спречат напорите на американските власти да ги вратат.
Трамп е првиот американски претседател кој има затворска фотографија по апсење. Неговата кампања ја искористи фотографијата за продажба на различни производи, вклучувајќи маици, постери и шолји за кафе. Неколку часа пред да се предаде во затворот во округот Фултон, кампањата испрати електронски апели за собирање финансиски средства.
Сето тоа е дел од напорите на Трамп да ги искористи своите правни проблеми за да ја зајакне неговата амбиција да се врати во Белата куќа. Тој е обвинет четири пати во последните пет месеци. Досега, тие случаи ги охрабруваа републиканците да се соберат околу него, помагајќи да се зголеми неговото водство во анкетите во прелиминарната трка на партијата.
Според анкетите следени од „Рилклир политикс“ (RealClear Politics), Трамп води пред своите противници во републиканската трка за номинација со околу 41 процентен поен.
Во наредните денови, тој планира да одржи митинзи за собирање средства, да учествува во печатени, телевизиски, радио и поткаст интервјуа и да држи говори во државите со предвремено гласање, според лице запознаено со околностите.