Борис Џонсон планира да поднесе оставка како премиер на Обединетото Кралство, а веќе се засилуваат шпекулациите кој ќе ја предводи трката за негов населдник. Во целата мешаница се вклучија и обложувалниците.
За да се избере нов премиер, конзервативната партија најпрво ќе треба да избере нов лидер. Се претпоставува дека наскоро ќе започне процесот на селекција, кој минатиот пат, кога Џонсон ја победи Тереза Меј, траеше шест недели.
Министерката за трговија Пени Мордонт, која во партијата се смета дека има силни про-брегзит уверувања, харизма и добри лидерски квалитети, е фаворит за наследник на Џонсон. Од „Скај Бет“ (Sky Bet) се подготверни да исплатат 4 фунти за секоја една поставена на облог дека Мордонт ќе биде следниот лидер на ториевците. Риши Сунак е вториот најверојатен кандидат по неговата оставка како министер за финансии.
Прочитај повеќе
Џонсон подготвува оставка од премиерската функција
Според информациите, пратениците веќе се изјаснуваат кого ќе поддржат во лидерската трка
07.07.2022
Оставки во британската влада, пад на фунтата
„Само прашање на време е кога ќе замине и премиерот“, смета Џордан Рочестер, стратег во Nomura International Plc
06.07.2022
Министерот за одбрана, Бен Валас, министерката за надворешни работи, Лиз Трас и поранешниот министер за здравство, Саџид Џавид го сочинуваат остатокот од петмина најдобри кандидати според „Скај Бет“ за заменици на Џонсон. Аутсајдери за функцијата се новиот министер на финансии Надим Захави и поранешниот министер за надворешни работи, Џереми Хант двајцата со коефициенти од 9/1 и 12/1, соодветно.
И покрај зголемените шпекулации за општи избори оваа година, обложувалниците сугерираат дека е поголема веројатноста да се случат во 2023 година или подоцна.
Коефициентите за обложување на политика треба да се земат со доза на претпазливост. Пазарно гледано, тие ги одразуваат ставовите на инвеститорите на мало, наместо на професионалците кои го минуваат својот живот анализирајќи ги овие работи. Сепак, тие се силен индикатор.