Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска поднесе оставка од премиерската функција, но се обврза дека ќе остане чувар на позицијата додека не се најде нова замена.
Во изјавата тој официјално објави дека ќе се повлече од функцијата прв човек на британската влада штом неговата партија избере нов лидер, иако имаше силен притисок целосно да се повлече веднаш.
„Жал ми е што ја напуштам најдобрата работа на светот“, додаде тој.
Прочитај повеќе
Обложувалниците со коефициенти: Кој ќе биде нов британски премиер?
Коефициентите за обложување на политика треба да се земат со доза на претпазливост, но се силен индикатор
07.07.2022
Џонсон подготвува оставка од премиерската функција
Според информациите, пратениците веќе се изјаснуваат кого ќе поддржат во лидерската трка
07.07.2022
Џонсон (58) објави дека ќе замине од функцијата по серијата оставки од членови на владата во текот на неделава, во знак на протест против неговото раководство.
За да се избере нов премиер, конзервативната партија најпрво ќе треба да избере нов лидер. Се претпоставува дека наскоро ќе започне процесот на селекција, кој минатиот пат, кога Џонсон ја победи Тереза Меј, траеше шест недели.
Министерката за трговија Пени Мордонт, која во партијата се смета дека има силни про-брегзит уверувања, харизма и добри лидерски квалитети, е фаворит за наследник на Џонсон, а тука е и Риши Сунак кој поднесе оставка како министер за финансии.