Израелските борбени авиони истрелале повеќе од 16 тони муниција во одговорот кон екстремистичкото движење Хамас, изјави воен извор, пренесуваат израелските медиуми.
Хамас утрово ненадејно изврши ракетен напад врз цели во Појасот Газа во кој загинаа најмалку 22 лица, а над 300 се повредени од кои повеќе од 70 се во тешка состојба. Се очекува бројот на загинатите да расте.
Утрото медиумите објавија дека „терористички групи“ влегле во неколку населени места на југот на земјата и дека илјадници ракети биле истрелани врз централната и јужната територија на Израел.
Прочитај повеќе
МНР: Седум македонски државјани се наоѓаат во Иразел во моментов
МНР препорачува да се почитуваат упатствата на израелските безбедносни сили
07.10.2023
Хамас го нападна Израел, израелскиот премиер објави војна
Има информации за загинати и ранети во нападот
07.10.2023
Главниот офицер на армијата за врска со Палестинците, Гасан Алијан, му се закани на Хамас, велејќи дека организацијата „ги отвори портите на пеколот во Појасот Газа, ќе ја сноси одговорноста и ќе ја плати цената“.
Израелската војска објави снимка од воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа.
Неколку баталјони на редовната армија се распоредени на границата на Појасот Газа додека војниците се соочуваат со членовите на Хамас кои се уште се на израелска територија.
Нападот без преседан на екстремистичкиот Хамас, кој владее со Појасот Газа, на еврејскиот празник Симхат Тору ги потсети Израелците на Октомвриската војна од 1973 година кога, исто така, на Денот на помирувањето (Јом Кипур), непријателите ненадејно ја нападнаа еврејската држава.
Педесетгодишнината од таа војна беше во петокот. Асошиејтед пред пишува дека тоа е еден од најтрауматичните моменти во историјата на Израел и дека споредбата со денешниот напад ги засилила критиките кон премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници кои се залагаат за поагресивни дејствија против заканите од Газа. Политичките коментатори ја критикуваа владата дека не го предвидела планираниот и координиран напад од Хамас.
Да потсетиме, армијата прогласи воена состојба, а премиерот Нетанјаху во видео изјава рече дека Израел веќе е „во војна“ по оваа „смртоносна, ненадејна офанзива“ на Хамас.
„Хамас направи сериозна грешка утрово и започна војна против државата Израел“, изјави министерот за одбрана Јоав Галант, пренесе Блумберг. „Државата Израел ќе победи во оваа војна“, додаде тој.