Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји побарале средби со него.
„Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори својот воздушен простор - ако се случи тоа, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, изјави Лавров на конференција во Москва.
„Веќе има неколку барања за средби - вклучувајќи и од западни претставници“, рече Лавров откако претходно зборуваше за средбата што ја имал со американскиот државен секретар Eнтони Блинкен на Г20 минатата година.
Прочитај повеќе

Министерствата за надворешни и одбрана ќе одлучат за слетувањето на Лавров
Преку надополнета одлука, Владата им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување.
24.11.2023

Османи: Процедурата за доаѓањето на Лавров во Скопје е почната
Во санкциите за Русија, за меѓународни организации како што е ОБСЕ е дозволен прелет, вели министерот.
14.11.2023
Министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа треба да се сретнат во Скопје на 30 ноември и 1 декември.
Групата од 57 членки, која се протега низ поголемиот дел од северната хемисфера, има цел да спречи конфликти и безбедносни кризи.
Бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони како дел од санкциите на Европската Унија наметнати како одговор на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...