Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на нашата заедница на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледното руско кршење и презир на основните принципи и обврски на ОБСЕ“, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на трите балтички земји.
Шефот на естонската дипломатија Маргус Цакна вели дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“.
Прочитај повеќе
Бугарија дозволи прелет, Лавров доаѓа во Скопје
Бугарија дозволи пристап до нејзиниот воздушен простор за присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ.
28.11.2023
Украинскиот министер не доаѓа на состанокот на ОБСЕ
Украина на форумот ќе биде претставена од делегација од нејзиното МНР.
28.11.2023
„Факт е дека додека се одржува состанокот на ОБСЕ во Скопје, руската воена машина ги напаѓа недолжните Украинци и депортира деца без око да им трепне. Естонија не може да седне на иста маса со агресорот и да сноси одговорност за последиците што може да ги донесе присуството на Лавров. Тоа е спротивно на нашите основни принципи. Руската агресија против нејзиниот независен и мирен сосед Украина го прекршува меѓународното право и тоа е напад врз ОБСЕ и нејзините фундаментални вредности. Местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ“, наведува Цакна, чија земја според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година, но поради противењето на Русија и на Белорусија, наместо Естонија на членото место во организацијата ќе дојде Малта како компромисно решение.
Клучно е, според него, веднаш да се стави крај на агресијата врз Украина, да се повлечат руските трупи од окупираните области, да се плати компензација за уништувањето и да се повикаат на одговорност криминалците.
Претходно, и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба објави дека нема да дојде на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје поради присуството на Сергеј Лавров.