Амбасадата на Руската Федерација во Скопје на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија од средбата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, сегашен претседавач со ОБСЕ и на идниот претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се разговарало за состојбата во ОБСЕ, како и дека од руска страна било нагласено Организацијата да излезе од сегашната криза и да се врати на нормалните активности, неопходно е да продолжи меѓусебното почитување и еднаквиот дијалог меѓу земјите-учеснички, да се почитува основното правило на консензус и строго да се следат правилата на Организацијата.