Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците за таканаречниот француски предлог, поднесени од СДСМ и ДУИ.
Со усвоените предлог заклучоци ѝ се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.
Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ.
Се задолжува Валадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било додавки и фусности и во текот на преговорите Владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.
На гласањето во рамките на 81-та пленарна седница не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие бараа отфрлање на овој предлог кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ, уцени и повеќегодишно попречување на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија.
Денешната седница ја следеше и евроамбасадот, Дејвид Гир, а усвојувањето на предлогот беше дочекан со аплауз од пратениците од владејачкото мнозинство.