Владата на попладневната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство.
„Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница.
Тој нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања.
Прочитај повеќе
Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог
Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците за т.н. француски предлог поднесени од СДСМ и ДУИ.
16.07.2022
Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19. јули во Брисел.
Со денешната владина седница, како што додаде Ковачевски, е заокружен уште еден историски чекор за нашата земја.