Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, денеска во Софија го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.
Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување, иако според некои бугарски медиуми неговата содржина нема да биде објавена ниту денеска.
Бугарското национално радио јави дека содржината на овој документ се очекува да биде објавена во наредните денови, најверојатно по утрешната средба на амбасадорите во ЕУ.
Прочитај повеќе
Протоколот ќе биде објавен денеска, по потпишувањето во Софија
Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за Северна Македонија за отворање на поглавјата.
17.07.2022
Ковачевски: Во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел
Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои претходно ги изгласа Собранието.
16.07.2022
Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог
Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците за т.н. француски предлог поднесени од СДСМ и ДУИ.
16.07.2022
Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација во Бугарија се и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија, Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата, по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.