Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја одржа првата прес-конференција по изборите на кои го позајми своето име на пратеничката листа, а по се изгледа дека Ана Брнабиќ, рекордерката по бројот на години поминати на чело на Владата, повеќе нема да го води главниот орган на извршната власт.
„Ана прерасна во голем борец. Јас сум горд на неа. Тешко дека повторно ќе биде премиерка. Тоа и го кажав пред изборите, но таа го даде срцето и се бореше во текот на целата кампања. Резултатите остануваат зад неа“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека Брнабиќ најверојатно ќе врши некоја важна функција, но не прецизираше за која функција би можело да станува збор.
Прочитај повеќе
Коосновачот на „Епл“, Стив Возниак доби српски пасош
Возниак рече дека ќе помогне да се промовираат настаните во Србија кои се дел од ЕКСПО 2027.
06.12.2023
Електричната „панда“ ќе се произведува во Србија - со двојно помалку работници
Во оваа фабрика би требало да работат околу 1.500 луѓе, што е речиси половина од бројот на ангажирани кога таму „Фиат“ ги правеше „фиат 500 Л“.
04.12.2023
Вучиќ очекува српскиот Парламент да се конституира во јануари и се надева дека новата Влада ќе биде формирана до почетокот на март.
Ниту една недела по изборите ситуацијата не е целосно смирена, особено во однос на резултатите од изборите во Белград. Опозицискиот блок Србија против насилството организира протести и бара прегласување, додека Владата ги отфрла сите обвинувања за нерегуларности.
Вучиќ рече дека нема да има нови избори доколку така не одлучат надлежните институции или доколку нема парламентарно мнозинство.
Тој додаде дека претставниците на МВР ги разгледале сите покани за гласање на изборите кои биле оценети како спорни.
„Ако нема мнозинство, тогаш нема проблем. Ако има мнозинство, тогаш нема да има избори во Белград“, рече Вучиќ при своето обраќање.