text size
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека во Крагуевац ќе се произведува електричниот автомобил „фиат панда“, говорејќи во неделата по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони, која беше во официјална посета на Србија. Тој рече дека ова производство ќе биде силен поттик на трговската размена меѓу Италија и Србија, која во моментов достигнува вредност од 4,6 милијарди евра годишно.