Владата препорачува за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година, 1 јануари 2024 година и на 7 и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало. Предлагач е Министерството за економија.
Како што информира владината прес-служба, целта на препораката е да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, особено во помалите градови и места во кои нема трговски центри (молови).
„Исто така, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да им се овозможи да пазарат, со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата“, се наведува во соопштението од Владата.
Оваа препорака е од 214-та владина седница.