Претседателот Владимир Путин рече дека Русија не сака да се бори „бескрајно“ во Украина, но нема да се откаже од своите позиции и дека е подготвена за мир само под свои услови.
Во телевизиски коментар денеска за време на посетата на воена болница, Путин рече дека е задоволен од перформансите на руската армија во Украина бидејќи сега ја држи стратешката иницијатива на фронтот, додека противникот „постепено ја губи самодовербата“. Русија моментално окупира околу една петтина од територијата на Украина.
„Ние исто така сакаме да го прекинеме конфликтот, и тоа што е можно поскоро, но само под наши услови“, рече Путин. Рускиот лидер не прецизираше кои услови треба да се исполнат за мир.
Прочитај повеќе
Путин: Русија го модернизираше целото нуклеарно вооружување
Уделот на модерното оружје во руските нуклеарни сили „во оваа година е доведен до 95 отсто
19.12.2023
Путин го презеде аеродромот во Санкт Петербург од странските инвеститори
Рускиот претседател нареди пренос на сите права за управување со аеродромот Пулково.
01.12.2023
Маск му признал на Пентагон дека имал директен разговор со Путин
Илон Маск им открил на претставници на Пентагон дека разговарал лично со рускиот претседател Владимир Путин.
22.08.2023
Довербата на Кремљ порасна поради политичките поделби во САД и Европската унија околу поддршката за Украина, ѓто доведе до прекин на помошта за Владата во Киев. Украинската контраофанзива започната во јуни донесе само мали придобивки, а руските трупи сега се обидуваат да притиснат напред во источните украински региони Доњецк и Харков.
Путин уште еднаш ги обвини западните елити за војната во Украина, која ја започна пред речиси две години.
„Не е дека тие му помагаат на нашиот противник“, рече тој на прашањето за помошта од Запад за Украина. „Тие се наш противник“.