Oбновената вила што сега е место на живеење на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која датира од 18 век и се наоѓа во областа Замок, сега е моќен симбол на силата на овој лидер, кој својата земја сепак ја претвори во свој политички феуд. Меѓутоа низ главниот град Будимпешта се гради и поинаков вид империја.
Веќе е и повеќе од јасно дека зетот на Орбан, Иштван Тиборц, стана најистакнатиот инвеститор во земјата, особено во туристичката индустрија. Тој има поврзаност со шест хотели во градот што се завршени или се во фаза на реконструкција. Имотот на неговата холдинг компанија се искачи на најмалку 65 милијарди форинти (180 милиони долари) во последните осум години, покажуваат најновите објавени податоци.
Да се има моќни семејни врски во бизнисот не е ништо ново, но 37-годишникот вели дека воопшто не се занимава со политика. Сепак, Унгарија на Орбан е земја каде што сите патишта се повеќе политички.
Прочитај повеќе
Орбан го загуби клучниот полски сојузник
Не e само полското националистичко раководство вознемирено од ненадејната изборна победа на проевропската опозиција.
17.10.2023
Кинески БЈД во Унгарија ќе ја отвори првата европска фабрика
Кинескиот производител на електрични автомобили БЈД (BYD) планира да ја изгради својата прва европска фабрика за автомобили во Унгарија.
22.12.2023
Унгарија бара Европската комисија да отвори кривична постапка против Бугарија
Унгарија се жали дека Бугарија ја наметнала нова такса за гар без консултација со Унгарија
10.11.2023
Унгарија подлабоко во рецесија, економиите во Источна Европа грчевито се борат
Војната во Украина продолжува да го поткопува економскиот раст низ источното крило на Европската Унија.
16.08.2023
Тиборц вели дека е во мисија да помогне во обновувањето на унгарската престолнина и да ѝ овозможи да ги стигне градовите како што е Виена на пример, во однос на сместувачките капацитети од повисоко ниво. Тоа вклучува реставрација на згради како што се легендарниот спа-хотел „Гелерт“ на будмиската страна на Дунав и хотелот „Доротеа“ на страната Пешта.
Неговата визија, како што вели, е „да го подигне профилот на Будимпешта на врвна туристичка дестинација со врвен квалитет“, наведе самиот Тиборц во изјава за странски медиуми, иако тој ретко комуницира со новинари. „Во тоа сум на долги патеки“. Тој исто така отвори приватен клуб и обнови хотели во други туристички места, како што се езерото Балатон и винскиот регион Токај.
Сепак, противниците на Орбан велат дека подемот на Тиборц илустрира како политиката и бизнисот станаа суштински поврзани под лидерството на човекот што Европската Унија го обвини дека негува систем на кронизам.
Околу 19 милијарди евра (20,7 милијарди долари) од финансирањето за Унгарија остануваат суспендирани од ЕУ делумно поради загриженоста за тоа како се трошат нејзините пари, додека земјата е на дното во блокот во годишниот индекс за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнал“.
Градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони, жесток критичар на Орбан, рече дека Тиборц ги искористил своите врски со унгарскиот премиер. „Проектите како што е владиниот комплекс на Орбан во областа Замок, новите музеи и хотелите на Тиборц се привлечни, но прават малку за градот“, рече Карачони во интервјуто во неговата канцеларија.
Дали Орбан ќе ја загуби Будимпешта од Гергели Карачони
„Политиките на владата не се насочени кон туризам или помагање на жителите, тие се мотивирани од бизнисот и моќта“, рече тој. „Наративот на Тиборц е дека тој го брани архитектонското наследство. Тоа не е вистина“.
Тиборц се ожени за најстарата ќерка на Орбан, Рахел, во 2013 година, откако првпат се сретнаа шест години порано во црква, според интервјуто што таа го даде за неделниот магазин „Мандинер“ (Mandiner). Додека другите членови на семејството на премиерот главно се помалку експонирани, Тиборц стана познато име во Унгарија.
Тој и неговата сопруга постојано ја отфрлаат идејата дека профитирале од нивната близина со Орбан, иако Тиборц минатата година изјави за информативната веб-страница „Индекс.ху“ (Index.hu) дека редовно разговара за развојот на туризмот со својот дедо односно со премиерот. Тој исто така ги отфрли тврдењата на градоначалникот на Будимпешта за неговите проекти, велејќи дека неговиот фокус е на зачувување на архитектурата, која е во ризик од пропаст.
Мрежата на Тиборц го вклучува она што го поседува преку неговата холдинг компанија „БДПСТ груп“ (BDPST Group), како и некои удели во компании преку приватни капитални фондови. Неговите деловни партнери биле вклучени во други трансакции. Во 2022 година, тогашниот премиер на Словенија го блокира купувањето на најголемата туристичка групација во земјата од страна на компанија со седиште во Будимпешта на чело со партнер на Тиборц.
Во својот одговор по мејл, Тиборц одби да коментира за „Блумберг“ во однос на пресметката за неговиот имот и посочи на јавно достапните финансиски извештаи. „Форбс“ го стави Тиборц на 27-то место на својата најнова листа на најбогати Унгарци, со богатство проценето на 75,3 милијарди форинти.
Неговиот прв голем потфат беше „Елиос Зрт“, компанија специјализирана за тендери за улично осветлување финансирани од ЕУ. Тиборц му ја продаде фирмата во 2015 година на Атила Паар, чија градежна компанија доби договори за јавни набавки за некои од највидливите владини проекти, вклучувајќи го и реновирањето на замокот Буда и Државната опера.
Три години подоцна агенцијата за борба против измами на ЕУ обвини дека договорите на „Елиос“ биле лажни и ја повика Унгарија да преземе мерки против Тиборц и поранешниот соработник. Случајот беше прекинат, додека унгарската влада мораше да врати 43,7 милиони евра од средствата што ѝ беа доделени на компанијата.
Сите детали за неговата империја на линкот.