САД и нивните европски сојузници стравуваат дека нападот на 1 април во Сирија во кој загинаа неколку ирански офицери може да ги турне Израел и Иран на работ на нешто што го избегнуваа со децении: отворена војна. Досега, Иран, со еден исклучок, користеше прокси за да го нападне Израел, додека Израел избегнуваше воздушни напади на иранска територија. Сега Израел се подготвува за одмазда за нападот во Дамаск, перспектива што предизвикува страв од регионален конфликт.
Како би војувале двете страни?
Во овој момент, двете најверојатни сценарија се чини дека се ракетен напад на израелска територија од Иран или од неговите посредници во Либан или пак напад со беспилотни летала. Подалечна можност е Иран, исто така, да насочи милитантни групи на теренот од Сирија или од Либан. Единствениот преседан за напад од Иран на израелска територија се случи во 2018 година, кога Техеран истрела ракети од Сирија врз позициите на Голанската висорамнина.
Прочитај повеќе
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ја вивна цената на нафтата
Глобалниот репер Брент се искачи над 92 долари за барел.
13.04.2024
Иран испраќа воен брод во Црвеното Море откако САД потопија бродови на Хутите
Иран испрати воен брод во Црвеното Море откако американската морнарица уништи три брода на Хутите.
02.01.2024
Раиси: Израел ги премина „црвените линии“ во Газа
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси предупреди на проширување на конфликтот на Блискиот Исток
29.10.2023
Цената на нафтата расте, Иран повика на ембарго за Израел
Иран повика на воведување ембарго на нафтата против Израел поради неговите воздушни напади врз Газа.
18.10.2023
Деталите за тековните способности на Иран содржани во проценката на Американската одбранбена разузнавачка агенција објавена со мала помпа на 11 април, сугерираат дека секој ирански напад врз Израел веројатно би бил комбинација од ракети и беспилотни летала или само од беспилотни летала.
„Ракетната сила на Техеран се повеќе се зголемува со иранските беспилотни летала и служи како основно конвенционално одвраќање на режимот против напади врз неговиот персонал и територија“, соопшти агенцијата. Се додава дека Иран има „значителен инвентар“ на балистички и крстаречки ракети способни да погодат цели оддалечени 2.000 километри или околу 1.250 милји - ставајќи го Израел во домет.
Од израелските ловци се очекува да возвратат, вклучително и оние во нејзината флота стелтови Ф-35 Адир и останатите ловци Ф-15. Ф-35 влезе во историјата на авијацијата кога израелските воздухопловни сили во ноември објавија дека собориле крстаречка ракета од југоисток, насочена кон израелскиот воздушен простор.
Израел на почетокот на овој месец исфрли навигациски сигнали над метрополитенската област Тел Авив како подготовка за ирански напад, што претставува приказ на неговите способности.
Друга веројатност е сајбер војната. Пред повеќе од една деценија, малициозен софтвер познат како „Стакснет“ (Stuxnet) ги загрози операциите на иранските капацитет за нуклеарно збогатување во она што се сомневаше дека е операција на САД и Израел. Иран, исто така, започна свои напади, вклучително и хакирање со што се обиде да ги осакати компјутерите и протокот на вода во две израелски области.
Што покажува споредбата меѓу израелските и иранските воени капацитети?
Израелските сили се многу посупериорни од иранските кога станува збор за технологијата. Иран, сепак, има огромни залихи на евтино, но ефективно оружје во својот арсенал. Од 2022 година, Иран има обезбедено повеќе од 1.000 беспилотни летала Шахед-136, како и УАВ Шахед-131 и Мохаџер-6, за поддршка на руската инвазија на Украина. Според ДИА, во мај, Иран почна да и помага на Русија во формирањето на фабрика за производство на летала Шахед-136 во Русија. Значи, безбедно е да се претпостави дека Иран има стотици, ако не и илјадници еднонасочни беспилотни летала во својот инвентар за напад на Израел.
Израел би се спротивставил на балистичките ракети со своите пресретнувачи Ароу (Arrow) и напади со беспилотни летала, можеби со системите за воздушна одбрана на Дејвид Слинг (David's Sling), а можеби и со системот наречен Дрон Гард )Drone Guard) направен од „ЕЛТА Системс“(ELTA Systems).
Кои се нивните сојузници и каква би била нивната улога?
Најважните сојузници на Иран се шиитските милиции во Либан, Ирак, Сирија и Јемен кои ги поддржува со пари, оружје и обука. Либанската милиција Хезболах би била позиционирана да ја игра најзначајната улога. Водела повеќекратни битки со Израел и редовно гаѓаат со проектили, минофрлачи и ракети кон северен Израел од почетокот на војната во октомври меѓу Израел и милитантната палестинска група Хамас поддржана од Иран. Според израелското разузнавање, арсеналот на Хезболах содржи повеќе од 70.000 ракети и проектили, вклучително и ракети со долг дострел и прецизно наведување.
Ескалацијата на нападите врз Израел може да ја тестира одбраната на земјата во време кога тој исто така се конфронтираше со Иран и Хамас.
Единствениот државен сојузник на Иран на Блискиот Исток е Сирија. Малку е веројатно дека владата на претседателот Башар ал Асад ќе биде од помош со оглед на тоа што сè уште се бори да добие контрола врз целата земја по избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година.
Иран има добри односи со Русија, иако нејзината војна во Украина најверојатно ќе ја ограничи способноста да помогне. Иран е во добри односи и со Кина, која купи иранска нафта иако земјата е санкционирана од САД и сојузниците.
Израел ги има САД на своја страна. САД веќе ги забрзуваат испораките со муниција во Израел, за да му помогнат во борбата против Хамас. Меѓу американските сили во регионот на Блискиот Исток има два разурнувачи на морнарицата кои се префрлија во источниот Медитеран на почетокот на април.
На почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, Пентагон го премести својот најнов носач на авиони, Џералд Р. Форд, и неговата борбена група во источниот Медитеран. Оттогаш се врати дома. Ударната група на носачи Двајт Д. Ајзенхауер е на пат од операции против Хутите. Покрај тоа, 2.000 маринци беа ставени во зголемена готовност за потенцијална мобилизација.
Како би можеле да реагираат арапските држави?
Израелско-иранската војна би ги ставила многу од земјите во регионот во тешка положба. Четири арапски земји склучија мировни договори со Израел во 2020 година преку таканаречениот Авраамски договор. Нивната недоверба кон Иран беше дел од она што ги спои. Но, малку е веројатно дека некоја арапска држава би застанала со Израел во конфронтација против друга муслиманска земја, а камоли со моќна земја како Иран.
Иран и Саудиска Арабија минатата година ги вратија дипломатските односи по седумгодишно замрзнување. Саудиска Арабија ја истражува можноста за нормализирање на врските со Израел како дел од поширок договор во кој се надева дека ќе ги добие американските безбедносни гаранции и најверојатно ќе се обиде да избегне да се заплетка во конфликтот.