До 11 часот одзивот на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.469 граѓани.
Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3.418 избирачки места, пренесе МИА.
Со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица.
Прочитај повеќе
До девет часот одзивот на изборите е 3,85 отсто
До 9 часот во ДИК се пристигнати податоци за одзивот на гласачите од 832 избирачки места.
24.04.2024
Седми претседателски избори во Македонија
На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
24.04.2024
Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата што во тој момент се затекнале во објектот во кој се гласа.
Наредната прес-конференција на ДИК е закажана за 13.30 часот, кога се очекуваат податоци за одзивот од сите гласачки места.
Во канцеларијата на народниот правобранител денеска, од 7 до 19 часот, може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.