До 15 часот одзивот на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места.
„Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места“, информираат од ДИК.
Од вкупно запишани 1.092.341 гласач на овие избирачки места гласале 392.066.
Прочитај повеќе
До 13 часот oдзивот е 26,35 отсто, најмасовно се гласало во Новаци
До ДИК пристигнале 140 приговори за заштита на гласачкото право.
24.04.2024
До 11 часот oдзивот на гласачите е 12,78 отсто
Со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
24.04.2024
До девет часот одзивот на изборите е 3,85 отсто
До 9 часот во ДИК се пристигнати податоци за одзивот на гласачите од 832 избирачки места.
24.04.2024
Седми претседателски избори во Македонија
На 3.480 избирачки места во Републиката со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
24.04.2024
Според податоците што се пристигнати досега, најголем одзив е забележан во Новаци, со 57,69 проценти, додека најмал е одзивот во Центар Жупа, 13,11 проценти.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговор се отфрлени како неуредни, а 22 приговора се одбиени. Другите приговори се во обработка.
На страницата rezultati.sec.mk може да се следи во живо одзивот на гласачите, вкупно и по општини.
Со право на глас во избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица.
Гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата што во тој момент се затекнале во објектот во кој се гласа.
Претседателските избори, според ДИК, ги следат вкупно 1.601 набљудувач, од кои 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.
Во канцеларијата на народниот правобранител денеска, од 7 до 19 часот, може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.