За претседателските избори од добиени податоци од 2.080 избирачки места, каде што се запишани 1.962.019 гласачи, гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 отсто.
Најголем одзив има во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмал во Липково 1,76 отсто
„Во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале за претседателските избори, отколку во западна Македонија, каде што процентот е многу низок“, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
За парламентарните избори од добиени податоци од 1.976 избирачки места, каде што се запишани 1.030.092 гласачи, гласале 140.990 гласачи, односно 13,96 отсто.
Најголем одзив има во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмал во Врапчиште, 5,5 отсто.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година, има зголемување на одзивот од 2,69 отсто.
Даштевски истакна дека во ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на личното избирачко право, од кои 50 се усвоени, седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени, другите се во обработка.
На двојните избори се гласа на 3.480 гласачки места, во 80 општини во Македонија.