До 13 часот се пристигнати податоци за одзивот на гласачите за претседателските избори од 2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23,95 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Најголем одзив во моментов за претседателските избори има во Крива Паланка, со 46,44 отсто. Најмал одзив за претседателските избори има во Липково, со 3,28 отсто.
„Споредбено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, има зголемување на одзивот од 3,49 отсто на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори има намалување од 0,7 отсто“, наведува ДИК.
До 13 часот се пристигнати податоци за одзивот на гласачите за парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25,84 отсто од граѓаните со право на глас.
Најголем одзив за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48,65 отсто., додека најмал одзив има во Маврово и Ростуше, со 11,91 отсто.
„Споредбено со парламентарните избори во 2020 година, има зголемување на одзивот на гласачите од 2,03 отсто на овие избори“, укажуваат од ДИК.
Одзивот по изборни единици за парламентарните избори е следен: изборна единица 1 - 31,18 отсто, изборна единица 2 - 23,91 отсто, изборна единица 3 - 29,18 отсто, изборна единица 4 - 26,40 отсто, изборна единица 5 - 25,04 отсто, изборна единица 6 - 16,71 отсто.