Крајната десница убедливо води во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција. Либералите на претседателот Емануел Макрон се трети, претекнати од екстремната левица, според неколку излезни анкети цитирани од странските агенции.
Екстремно десничарската партија Национално обединување и нејзините сојузници освоија околу 34 отсто од гласовите. Втора е екстремно левичарската коалиција Нов народен фронт со 29 проценти, додека центристичкиот табор на претседателот Емануел Макрон е на третото место со резултат меѓу 21,5 отсто.
Според некои излезни анкети, екстремната десница може да се надева дека ќе освои апсолутно мнозинство во Националното собрание. Се очекува партијата Национален собир и нејзините сојузници да добијат меѓу 230 и 310 места во 577-члениот долен дом на францускиот Парламент.
Прочитај повеќе
Прв круг вонредни парламентарни избори во Франција
За првпат по Втората светска војна на власт може да дојде крајната десница.
30.06.2024
Ле Пен го критикува заплашувањето на Макрон со коментарот за „граѓанска војна“
Според анкетите, партијата на Ле Пен ќе победи во првиот круг од француските парламентарни избори со 36 отсто.
25.06.2024
Изборното коцкање на Макрон ги врати кошмарите од Брегзит
Макрон беше спореден со Камерон, кој свика и загуби на референдумот во 2016 година
15.06.2024
Макрон нема да поднесе оставка ако неговата партија загуби на изборите
Францускиот претседател нема да поднесе оставка доколку неговата партија доживее лош резултат на предвремените парламентарни избори.
12.06.2024
Зошто Макрон се одлучи за предвремени избори по триумфот на Ле Пен
По катастрофалниот пораз на изборите за ЕП, францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори.
10.06.2024
За апсолутно мнозинство потребни се 289 пратеници.
Вториот круг парламентарни избори, кои претседателот Макрон ги распиша по победата на екстремната десница на изборите за Европскиот парламент во Франција на почетокот на овој месец, ќе се одржи следната недела, на 7 јули.