Компанијата „Мета“ објави дека ќе отстрани дел од ограничувањата за профилите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател и кандидат за нов претседателски мандат, Доналд Трамп.
„Мета“ ги блокираше профилите на Трамп на неодредено време, откако тој ги пофали луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата му ги врати профилите на поранешниот американски претседател на почетокот на 2023 година, наведувајќи дека ќе ги следи неговите објави за можни прекршувања, што може да доведе до ново блокирање од еден месец до две години.
Трамп, кој треба да се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во ноември, веќе нема да биде предмет на дополнителен надзор, соопшти компанијата на Марк Закерберг.