Аеродромот Скопје и аеродромот во Охрид не се засегнати на глобалните ИТ системи, информираат од ТАВ Македонија. Апелираат до сите патници до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет.
„Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови. Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите“ соопштуваат од ТАВ.
Поради глобалните ИТ прекин сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин.
Прочитај повеќе
Глобалниот ИТ-колапс почувствуван и во Македонија
Недостапни неколку услуги на компанијата поради глобалниот проблем.
19.07.2024
Проблеми во „Мајкрософт“ ја нарушија работата на банки и авиокомпании на глобално ниво
Портпаролот на „Мајкрософт“ рече дека компанијата ги разгледува пријавените прекини и проблеми.
19.07.2024