Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран.
Во изјава на „Телеграм“, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничка ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“. Иранските медиуми јавија дека загинал и неговиот телохранител.
Првично немаше потврда за смртта на Ханија од израелска страна, пренесува германската ДПА.
Прочитај повеќе
Најмалку 12 мртви во напад од Либан врз село на Голанската висорамнина
Дванаесет деца загинаа, а повеќе од 20 се повредени во ракетен напад на Голанската висорамнина заземена од Израел.
28.07.2024
Иран го предупреди Израел да не се впушта во „нова авантура“ во Либан
Во ракетен напад врз фудбалски стадион загинаа 12 млади.
28.07.2024
Ханија (62) беше клучен за тековните разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас - пренесувајќи пораки до и од водачите на милитантната група во Газа - и неговата смрт има потенцијал да ги прекине. САД изминатата недела рекоа дека е постигнато некакво приближување, иако има уште многу прашања за решавање.
По објавата, цените на нафтата скокнаа, при што суровата нафта од типот брент се искачи за 1,5 отсто, до нешто под 80 долари за барел, до 12:20 часот во Сингапур, иако сè уште е долу оваа недела. Поскапе и златото.
Веста за убиството на Ханија се појави неколку часа по израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут, насочен кон командантот на проиранската милиција на Хезболах, Фуад Шук, познат и како Сајид Мухсан.
Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.
Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузници на израелскиот непријател Иран, пренесува германската агенција.
Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешијан, која беше во неделата во иранската престолнина.
Нападот е пораз за Иран и ги остава претседателот и врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи со предизвик како да одговорат. Откако Пезешијан победи на изборите овој месец, тој и Хамнеи предложија дека сакаат да ги подобрат врските со Западот за да се олеснат санкциите.
Акциите на Израел следуваат откако во саботата 12 деца загинаа во ракетен напад врз фудбалски терен во израелско село на Голанската Висорамнина. Израелската војска соопшти дека нападот бил извршен од Хезболах, од територијата на Либан, а највисоките израелски лидери посочија дека „Хезболах ќе плати висока цена“ за нападот.