Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија, откако беше избрана преку онлајн гласање на Демократскиот национален комитет.
Таа е првата црнкиња и Индијка што стана кандидат на водечка американска партија за кампања за Белата куќа.
Харис е родена во Калифорнија во 1964 година како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, Камала и нејзината сестра Маја главно биле одгледани од мајка им, под силно влијание на индиските традиции, но потоа сите ја присвоиле црната култура на Оукленд. „Мајка ми многу добро сфаќаше дека одгледува две црнкињи. Таа беше посветена кон тоа јас и Маја да пораснеме во самоуверени, горди црни жени“, напиша Харис во својата автобиографија.
Прочитај повеќе
Џо Бајден се повлекува од трката за претседателските избори во САД
Бајден (81) ѝ се заблагодари на потпретседателката Камала Харис (59) што е „извонреден партнер“
21.07.2024
Демократите ја поддржаа Камала Харис, донирани 47 милиони долари
Откако актуелниот американски претседател објави дека се повлекува од изборната трка, водечките луѓе на демократите одржаа конференција.
22.07.2024
Трамп добива на популарност во Кина откако Харис влезе во трката
Потпретседателката на САД, Камала Харис стана актуелна тема на кинеските социјални мрежи.
22.07.2024
Харис обезбеди доволно делегати за да ја добие номинацијата
Американската потпретседателка обезбеди поддршка од мнозинството делегати за да стане претседателски кандидат.
23.07.2024
Бајден: Време е новата генерација да ја води државата
Претседателот на САД во историско обраќање до нацијата ја објасни својата одлука да се повлече од претседателката трка.
25.07.2024
Таа вели дека отсекогаш била комотна со својот идентитет и се опишувала себеси како Американка.
Откако поминала четири години на Харвард и добила диплома по право на Калифорнискиот универзитет во Хестингс, Харис станала главна обвинителка на Сан Франциско, а потоа во 2017 година беше избрана за сенаторка.
Таа од 2014 година е во брак со адвокатот Даглас Емхоф, станувајќи помајка на неговите две деца.