Потпретседателката Камала Харис и гувернерот на Минесота, Тим Волц, синоќа за прв пат настапија заедно во рамките на предизборната кампања на Демократската партија за претседателските избори. Нивната повеќедневна турнеја започна во Пенсилванија и ќе продолжи во уште неколку клучни држави чии гласови тие се надеваат дека ќе ги освојат во ноември.
Харис објави дека изборот на Волц за нејзин кандидат за потпретседател го направила рано во вторникот. Таа истакна дека Волц има управувачко искуство и може да ги привлече гласовите на белите избирачи кои живеат во руралните области, кои во последните години повеќе го поддржуваа Трамп.
„Како гувернер, тренер, учител и ветеран, тој постигаше резултати за работничките семејства, како што е и неговото семејство“, рече Харис во изјавата издадена од нејзината кампања.
Прочитај повеќе
Камала Харис официјално стана претседателски кандидат на демократите
Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија.
06.08.2024
Бајден: Време е новата генерација да ја води државата
Претседателот на САД во историско обраќање до нацијата ја објасни својата одлука да се повлече од претседателката трка.
25.07.2024
Харис обезбеди доволно делегати за да ја добие номинацијата
Американската потпретседателка обезбеди поддршка од мнозинството делегати за да стане претседателски кандидат.
23.07.2024
Џо Бајден се повлекува од трката за претседателските избори во САД
Бајден (81) ѝ се заблагодари на потпретседателката Камала Харис (59) што е „извонреден партнер“
21.07.2024
Таа и Волц првиот заеднички митинг го одржаа во Филаделфија, најголемиот град во Пенсилванија која се смета за критички важна држава за победа против републиканецот Трамп и неговиот партнер Џеј Ди Венс во тесната битка за гласовите на избирачите.
Обраќајќи се пред повеќе од десет илјадна публика на Универзитетот Темпл, Харис го опиша минатото на Волц како поранешен учител во средно училиште и тренер на фудбалскиот тим, ветеран на Националната гарда и поранешен конгресмен.
„Тој е од оние луѓе кои ги прават другите да се чувствуваат ‘свои’, а потоа ги инспирира да сонуваат за поголеми работи“, рече таа.
„За мене нема поголема чест од тоа да бидам во овој тим, помагајќи и на Камала Харис да стане следниот претседател на Соединетите Американски Држави“, наведе во својата изјава Волц, дадена на почетокот на митингот.
„Истите вредности кои ги научив на семејната фарма и се трудев да им ги пренесам на моите студенти, ги донесов во Конгресот и главниот град, а сега потпретседателката Харис и јас сакаме да ги донесеме во Белата куќа“, додаде тој.
Волц беше избран за член на Претставничкиот дом од про-републикански округ во 2006 година и служеше во Конгресот 12 години, пред да биде избран за гувернер на Минесота во 2018 година и реизбран во 2022 година.