Шефицата на владејачката партија на Тајланд, Феј Таи, Паетонгтарн Шинаватра (37) беше избрана за премиерка на вонредна седница на парламентот, само два дена по разрешувањето на Сретта Тависин од страна на тајландскиот Уставен суд.
Паетонгтарн, која победи на гласањето во парламентот со јасно мнозинство, станува втората жена премиер во земјата.
Таа е ќерка на поранешниот премиер Таксин Шинаватра и внука на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра. И двајцата беа на власт неколку години, но потоа беа соборени со воени удари и заминаа во егзил.
Со ова таа станува третиот член на влијателниот клан Шинаватра што ја води земјата и најмлад премиер во историјата на Тајланд.
Сретта (62) беше сменет во средата, по помалку од една година на функцијата, по правна постапка на 40 сенатори. Тие го обвинија дека го назначил Пичит Чуенбан за министер во спротивност со правилата, кои спречуваат назначувања лица со криминално досие. Судот пресуди во корист на сенаторите, наведуваат светските агенции.