Републиканецот Доналд Трамп ги освои Пенсилванија и нејзините 19 електорски гласа, објавија „Фокс“ и Ен-би-си (NBC).
Трамп успеа да направи пресврт во државата што ја освои со мала разлика во 2016 година, но загуби од претседателот Џо Бајден во 2020 година.
Се очекува наскоро тој да им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич, додека неговата ривалка Камала Харис нема да се обрати во изборната ноќ, соопштија од нејзиниот тим.
Прочитај повеќе
Харис го направи последниот повик, Трамп ги ублажи стравовите од насилство
Потпретседателката Камала Харис го искористи изборниот ден за да ги привлече гласовите на црномурестите гласачи.
05.11.2024
Русија ја зајакнува тактиката за мешање, предупредуваат американските служби
Овие активности носат ризик од поттикнување насилство, вклучително и против изборните службеници, велат агенциите.
05.11.2024
Кои се колебливите држави во САД и зошто се најважни за изборите
Американските избори најверојатно ќе бидат одлучени во неколку држави кои се познати како превртливи, колебливи...
05.11.2024
Агелер: Гласав на изборите во САД, очекувам мирна транзиција на власта
Како амбасадорка во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа, посочи Анџела Агелер.
05.11.2024
Според досегашните проекции, Трамп има 267 електорски гласа, а кандидатката на демократите Камала Харис има 224.
Потребни се најмалку 270 електорски гласа за победа на претседателските избори.
Инаку, Републиканската партија според досегашните проекции освои 189 места во Претставничкиот дом на САД, додека Демократската партија освои 165.
За победа е потребно да се освојат 218 од вкупно 435 места. Која политичка партија ќе го контролира Домот или Сенатот, ќе биде од клучно значење за новиот претседател да ја спроведе својата законодавна агенда.
Републиканците во Претставничкиот дом го бранат тесното мнозинство, кое го освоија во 2022 година главно благодарение на победата во „сините држави“ како Њујорк и Калифорнија.