Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на гласање за доверба на 15 јануари и соопшти дека сака предвремени избори до крајот на март, следната година. Потегот уследи откако канцеларот го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, со што на трипартискиот сојуз му го одзеде парламентарното мнозинство.
„Премногу често Линднер блокираше решенија, премногу често ја злоупотребуваше мојата доверба“, рече Шолц. „Линднер е за краткорочен опстанок на неговата партија. Таквиот егоизам е тотално неразбирлив“.
Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ под Фридрих Мерц моментално води во анкетите со повеќе од 30 отсто од гласовите и би била во главна позиција да победи на предвремените избори, враќајќи се на власт откако загуби од СПД на Шолц пред три години.
Прочитај повеќе
Мигрантите ќе бидат во фокусот на изборната кампања во Германија
Германскиот канцелар Шолц започна предвремена изборна кампања против конкурентот Мерц
11.09.2024
Налет на десничарите на регионалните избори во Германија, нови грижи за Шолц
Владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц беше казнета на двата регионални изборa во источна Германија во неделата.
02.09.2024
Шолц го брани планираниот договор за литиум со Србија
Германскиот канцелар Шолц утрово ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ
19.07.2024
Макрон и Шолц ги налутија лидерите на ЕУ на самитот во Брисел
Конфликтот настанал за време на дискусијата за т.н. стратегиски план на Европската Унија.
28.06.2024
Потегот на Шолц не беше неочекуван со оглед на постојаните коалициски расправии околу буџетот за 2025 година и како најголемата европска економија да се справи со предизвиците со кои се соочува.
Шолц тврди дека на Германија и треба „повеќе финансиски простор“ за да се справи со тешкотиите со кои се соочува. „Ситуацијата е сериозна. Има војна во Европа, зголемување на тензиите на Блискиот Исток, економијата стагнира“, рече Шолц. „На компаниите им е потребна поддршка сега“.
Шолц и неговите министри се претставија во нефункционална слика во последниве недели, одржувајќи ривалски состаноци со индустриски групи и претставници на работниците и објавувајќи спротивставени документи за политиките што личат на манифести од кампањата.
Посебно јаболко на раздорот е инсистирањето на Линднер, Германија строго да се држи до правилата што го ограничуваат новото задолжување. Тоа ги иритираше СПД на Шолц и Зелените, кои се залагаат за проширување на долгот за финансирање иницијативи како справување со климатските промени и зајакнување на војската.
Шпекулациите дека победата на Доналд Трамп на американските избори и потенцијалните шокови во глобалната политика ќе ги поттикнат Шолц и неговите партнери да работат на стабилност на Владата се покажаа како неточни.
Иако јазот веројатно ќе се намали, најновите анкети сугерираат дека поддршката за ЦДУ/ЦСУ на Мерц е повеќе од двојно поголема од поддршката за партијата на Шолц. СПД е со околу 16 отсто на третото место, зад крајнодесничарската Алтернатива за Германија на второто место со околу 17 отсто. Зелените се со околу 11 отсто на четвртото место, додека новата партија на крајната левица - Алијансата Сахра Вагенкнехт - е петта со околу 8 отсто.