Српскиот претседател, Александар Вучиќ, согласно уставните овластувања, по изборите одржани во април, денеска ја предложи Ана Брнабиќ за нов манадатар на српката влада, Ивица Дачиќ за вицепремиер и координатор на безбедоносните служби, како и Синиша Мали и Милош Вучелиќ на вицепремеирски места, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ изјави дека Ана Брнабиќ нема да биде премиерка четири години, како и дека мандатот ќе ѝ биде пократок и дека во 2024 година ќе има промени во Владата.
„Многу е важно таа да остане премиер за да можеме да продолжиме и посветено да работиме на решавање на проблемите наесен и оваа зима. Важно е некој кој е искусен и во кој имам доверба да може да го направи тоа во овој момент“, рече тој.
Вучиќ посочи и дека Милош Вучевиќ ќе биде „многу важен член на новата влада“, како што рече, „секако потпретседател“.
„Дачиќ ќе има уште позначајна улога и функција во државниот апарат на Србија. Тоа ја покажува довербата што ја имам. Дачиќ, покрај важната министерска функција, ќе ја има и функцијата координатор на безбедносните служби. Мали, во кој имаме доверба, ќе биде еден од потпретседателите“, нагласи Вучиќ и додаде дека ќе има многу промени во Владата.
Tој порача дека очекува предлогот на Владата да биде претставен во наредните дваесетина дена.