Доскорешната министерка за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас, ќе стане следната премиерка по победата во трката за лидерската позиција во Конзервативната партија. Тоа по автоматизам значи дека таа ќе го наследи Борис Џонсон и на премиерската функција.
Трас во трката го победи поранешниот министер за финансии, Риши Сунак. Според првичните податоци, таа во гласањето освоила 81.326 гласови, наспроти 60.399 на Сунак.
Излезноста на внатрепартиските избори изнесува 82,6 проценти. Трас ќе биде трета британска премиерка, по Тереза Меј и Маргарет Тачер.
Прочитај повеќе
Џонсон поднесе оставка од премиерската функција
Тој се обврза дека ќе остане чувар на позицијата додека не се најде нова замена
07.07.2022
Рекордна инфлација и во Велика Британија, тешкото доаѓа во октомври
Ова е стапка на инфлација која е највисока во последните 40 години
22.06.2022
Британските пазари се под притисок во пресрет на новиот премиер
Фунтата е на неколкудецениско најниско ниво, а трошоците за задолжување растат
05.09.2022
Растат шансите за претходно незамисливиот паритет меѓу фунта и долар
На фунтата и се заканува достигнување на најниската вредност од 1,05 долари до крајот на годината
02.09.2022
Таа го започна својот говор велејќи дека е чест да се биде избран. Посочи дека кампањата била тешка и им се заблагодари на нејзиниот ривал Сунак и на премиерот во заминување, Борис Џонсон.
„Ќе владеам како конзервативец. Во следните две години треба да покажеме дека можеме да испорачаме. Ќе испорачам храбар план за намалување на даноците и раст на економијата“, истакна Трас.
Таа вети дека ќе се справи со енергетската криза, како и со зголемените сметки и проблемите со снабдувањето со енергија.
Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека следната влада ќе мора да внимава што ветува во однос на трошењето. Трошоците за сервисирање на долгот на Министерството за финансии на Обединетото Кралство рапидно се зголемуваат во последниве месеци. Тоа е делумно затоа што каматните стапки се повисоки. Исто така е последица од фактот што инфлацијата ја зголемува исплатата на обврзниците кои се поврзани со малопродажните цени.
Пазарите засега се прилично мирни по објавувањето на резултатите. Фунтата се тргува на ниво од околу 1,15 долари, а референтните приноси на 10-годишните обврзници се стабилни. Трговците долго ја очекуваа победата на Трас, а фокусот сега ќе биде на тоа кои политики таа всушност ќе ги донесе.
Првата седница на новата британската влада ќе се одржи на 7 септември.
За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери.