text size
Точно 14,6 милијарди долари (околу 13,1 милијарди евра) испратиле иселениците во петте земји од регионот Адрија (Македонија, Србија, БиХ, Хрватска и Словенија) во минатата година, покажуваат податоците на Светската банка за таканаречените приватни или лични трансфери. Станува збор за пари што директно се влеваат во економските текови во овие земји, главно преку потрошувачката, а дел од нив завршува и како депозит во банкарскиот систем.