text size
Доколку сè оди според планот, Советот на Европската унија, односно Советот за економски и финансиски прашања (Ecofin), денеска треба да даде знак за почеток на сезоната за отстрел на куната во Хрватска и да ја одреди точната цена по која ќе се откупуваат крзната... Со други зборови, на агендата на Ecofin е усвојување на три одлуки кои формално значат почеток на одбројувањето до последните месеци на хрватската валута, почнувајќи од следната година, плаќање во евра или дефинирање на точниот курс по кој ќе се врши размена.