Собранието вчера по скратена постапка го донесе Законот за задолжување на Северна Македонија со заем кај унгарската „Експорт – импорт банка“. Ова е втор заем во висина од 500 милиони евра што Македонија го зема од унгарската банка и за него ќе важат истите услови како за првиот – парите ќе се повлечат во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, со каматна стапка која е фиксна и изнесува 3,25 проценти. На „Експорт – импорт банка“ ќе и се плаќа провизија за евентуално неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Овие средства ќе бидат искористени за исплата на еврообврзницата која доспева на почетокот на следната година.
Колку ќе поевтинат кредитите и дали се исплати рефинансирање?
По чекорите што ги презеде Народната банка за олабавување на монетарната политика, јавноста очекува тоа позначително да се пренесе и кај каматните стапки на кредитите, односно деловните банки да излезат со поевтини кредитни продукти на пазарот.
Факт е дека монетарната политика преку олабавувањето на монетарните услови, создава предуслови за намалување на цената на кредитите, вклучувајќи ги и станбените кредити. Сепак интензитетот и брзината на намалувањето ќе зависат од повеќе фактори, велат од Народната банка, како што се степенот на конкуренција во системот, структурата на билансите, видот на договорните каматни стапки (фиксни или променливи), како и перцепциите и очекувањата на банките и клиентите за идните економски изгледи и ризици.
„Бентли континентал“ од 300.000 долари – ладнокрвен хибриден ѕвер
Во моментот кога возев по тесен спореден пат во Швајцарија, опкружен со замрзнати полиња и стрмни карпи, ми светна: ова е терен за Џејмс Бонд. Го возев првото хибридно купе на „Бентли моторс“ (Bentley Motors Ltd.) по кривулестиот темен коловоз на планинскиот пат.
Сцената ме потсети на возењето на Бонд низ планинскиот премин Фурка во филмот „Златен прст“. Го знаете оној патот низ Алпите што остро врти околу хотелот лоциран на кривината на тој премин во облик на спојка за хартија.
Македонска берза стана дел од најновата иницијатива на ЕБОР и седум берзи од ЦЈИЕ
Македонска берза стана дел од најновата иницијатива на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и седум берзи од регионот на Централна и Југоисточна Европа, преку прифаќање на веќе потпишаниот меморандум за разбирање минатиот месец, помеѓу оваа банка и берзите од Братислава, Будимпешта, Букурешт, Љубљана, Варшава, Загреб и од Софија.
„Со приклучувањето на меморандумот, Македонска берза станува осма членка во оваа иницијатива и е единствена берза од држава што не е ЕУ членка“, соопшти берзата.
Божиќ на берзите – подарете си празнична заработка
Крајот на годината обично носи удар за паричникот, но ако паметно инвестирате на берзите, Дедо Мраз може и вам да ви донесе подароци. Веќе пишувавме за феноменот познат како „Релито на Дедо Мраз“ односно за растот на цените на акциите кон крајот на декември и почетокот на јануари. Бидејќи тој период допрва се наближува, со Тео Муратовиќ од „Сизонекс“ (Seasonax) истражувавме дали оваа година ќе следи позитивен шаблон или нè очекуваат некои изненадувања.
„Јасно е дека претстојат значителни неизвесности. Од една страна, поради изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, се очекува американската економија да доживее даночни намалувања и дерегулација. Ова ќе го стимулира краткорочниот раст, што пак може да го поттикне S&P500“, вели Муратовиќ.
Ќе издавате стан за Нова година? Пријавете данок
Лицата што ќе издаваат станови, вили, викендички, апартмани или соби за краток престој, особено за време на претстојните празници, мора да пријават во Управата за јавни приходи.
УЈП потсети дека лицата што издаваат недвижен имот за краток престој (не подолг од 31 ден) имаат обврска да го пријават остварениот доход преку системот „е-Даночни услуги“. Ова се однесува и на издавање преку платформи како Ербиенби, Букинг, Фејсбук, Кајак и други.