Летовите кон Барселона од Скопје се враќаат. Авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air) денеска објави дека почнува со продажба на билети за Барселона, Лион и Штутгарт. Летовите ќе почнат од 3 мај следната година за Барселона и ќе има летови секој вторник и сабота, на 1-ви мај почнуваат летовите за Лион секој вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември три пати неделно, во понеделник, среда и петок. Барселона е најпосакуваната рута за Македонците. Во светот пак, најчестите летови годинава главно биле кон Азија.
Добро утро, ова се петте вести кои се важни за почеток на денот.
Хари Костов и Илија Илоски – последните мохиканци што не се откажуваат од своето чедо
Македонската деловна заедница ја памети улогата на менаџерите на големите банки, кои со децении имаа битно влијание врз развојот на банкарскиот систем во земјава и изградија акционерски друштва што прераснаа во финансиски институции што денес се главна потпора односно извор за финансии за македонските компании, за граѓаните и воопшто за македонската економија. Нема човек во земјава што не ги знае брендовите како што се „Комерцијална банка“ АД Скопје, „Стопанска Банка“ АД Скопје и „НЛБ банка“ АД Скопје.
Голем број од повозрасните граѓани и особено оние што се дел од бизнис-секторот добро ги паметат имињата на Ѓорѓи Јанчевски, долгогодишен генерален директор на „НЛБ банка“, и Глигор Бишев, долгогодишен генерален директор на „Стопанска банка“ АД Скопје, а подоцна и на „Шпаркасе банка“. Станува збор за лица што долго време беа на високи раководни функции, но се повлекоа откако ги исполнија условите за одење во пензија.
Од лекови за слабеење до анорексија
„Оземпик“, волшебниот лек на данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“ наместо како лек против дијабет станува се популарен како лек за слабеење. Резултатите се импресивни и до нив се доаѓа многу брзо, без тешки одрекувања од храна. Тие го имитираат хормонот, ГЛП-1 (GLP-1), кој се ослободува по јадење, го намалува апетитот и го зголемува чувството на ситост.
Во земјава „оземпик“ се продава по цена од 5.433 денари и не е одобрен како лек за слабеење. Според регистарот на лекови на Министерството за здравство, лекот не е на позитивна листа и може да се набави само со рецепт, во болничка аптека.
Кина погуби поранешен функционер поради корупција
Кина погуби поранешен функционер од Внатрешна Монголија поради обвиненија за корупција во вкупен износ од околу 3 милијарди јуани (412 милиони долари), што е редок случај на употреба на смртна казна за корупција во рамките на кампањата на претседателот Шји Џјинпинг за чистење на Комунистичката партија.
Ли Џијанпинг, поранешен партиски шеф на економска развојна зона во градот Хохот, првпат беше осуден на смрт во септември 2022 година за примање мито, злоупотреба на јавни средства и соработка со криминална организација. Тој ја загуби жалбата во август и неговата казна потоа беше одобрена од Врховниот народен суд.
Директорот на Тикток на вечера со Трамп, ќе се спаси ли мрежата од забрана во САД
Извршниот директор на Тикток (TikTok), Шоу Чу, се сретна со новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во понеделникот, само неколку недели пред популарната апликација за кратки видеа да биде забранета во САД поради загриженост за националната безбедност.
Приватната средба, потврдена од извор запознаен со дискусијата, се случи само неколку часа откако Трамп предложи дека на некој начин ќе се обиде да ја поништи забраната за да го спаси Тикток, кој го користеше како платформа за да допре до младите гласачи за време на кампањата.
Топ 10 највредни брендови во светот
Листата на највредни светски брендови е уште една потврда за технолошката доминација на САД. Од десет, шест се токму од оваа земја, а речиси сите се брендови на познати технолошки компании.
На списокот на десетте највредни се наоѓа само еден европски бренд, два се кинески и еден е јужнокорејски.