Македонската деловна заедница ја памети улогата на менаџерите на големите банки, кои со децении имаа битно влијание врз развојот на банкарскиот систем во земјава и изградија акционерски друштва што прераснаа во финансиски институции што денес се главна потпора односно извор за финансии за македонските компании, за граѓаните и воопшто за македонската економија. Нема човек во земјава што не ги знае брендовите како што се „Комерцијална банка“ АД Скопје, „Стопанска Банка“ АД Скопје и „НЛБ банка“ АД Скопје. Голем број од повозрасните граѓани и особено оние што се дел од бизнис-секторот добро ги паметат имињата на Ѓорѓи Јанчевски, долгогодишен генерален директор на „НЛБ банка“, и Глигор Бишев, долгогодишен генерален директор на „Стопанска банка“ АД Скопје, а подоцна и на „Шпаркасе банка“. Станува збор за лица што долго време беа на високи раководни функции, но се повлекоа откако ги исполнија условите за одење во пензија.
Последните мохиканци од, условно кажано, старата генерација големи банкарски менаџери што сѐ уште се активни во земјава се Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Комерцијална банка“, и Илија Илоски, главен оперативен директор и член на Управниот одбор на „Комерцијална банка“.
Костов во „Комерцијална банка“ АД Скопје доаѓа како генерален директор во 1996 година. Во периодот од 2002 до 2004 година заминува во Владата на Република Македонија како министер за внатрешни работи, а подоцна станува премиер. Од 2004 година продолжува да работи во „Комерцијална банка“ АД Скопје како прв генерален директор, а од 2008 година ја извршува сегашната функција.
Прочитај повеќе
Фрчат мултимилионски подароци во акции од македонски компании
На 7 ноември бил извршен нетрговски трансфер на 16.250 акции од „Комерцијална банка“.
11.11.2024
„Комерцијална банка“ оствари добивка од 71,9 милиони евра за девет месеци
Од банката информираа дека планираната бруто-добивка заклучно со третиот квартал од 2024 година е остварена со 139,3 проценти.
30.10.2024
Зошто „Комерцијална банка“ не успеа да ја преземе „Стопанска банка Битола“?
Не е изненадување што откупот не успеа, бидејќи 67 проценти од акциите е релативно висок праг.
04.10.2024
Големи трансфери и банкарски промени во Македонија: Колку тежат?
Во банкарскиот свет има силна конкуренција за позициите во управните одбори.
18.06.2024
Македонските банки им посакуваат големо добредојде на четботовите
„Комерцијална банка“ и „Халк банка“ веќе користат вештачка интелигенција и анализираат можна употреба на нови решенија базирани на ВИ.
09.05.2024
„Комерцијална банка“ со добивка од 19 милиони евра во првиот квартал од 2024
Зголемување за 13,4 проценти во однос на истиот период во минатата година.
25.04.2024
Илоски во „Комерцијална банка“ доаѓа во 2006 година како генерален директор, a од 2008 година ја извршува сегашната функција.
Првиот е роден во 1959 година, а вториот во 1958 година. Иако можат да заминат во пензија, тие денес сѐ уште се на своите раководни позиции и успешно управуваат со банката ако се земат предвид финансиските резултати, кои покажуваат дека „Комерцијална банка“ секоја година урива рекорди во добивката.
Со оглед на тоа што македонските закони овозможуваат пензионирање за мажи на 64-годишна возраст, прашавме во Народната банка каква е регулативата во однос на раководните позиции во банкарскиот сектор, а со оглед на тоа што токму НБРМ дава согласност кој може, а кој не може да раководи со една банка.
Имено, во согласност со Законот за банките, претходната согласност за член на управен одбор не се продолжува по автоматизам, туку банката е должна да поднесе барање и да добие претходна согласност од Народната банка за секое именување на член на управниот одбор.
„По барањето за издавање претходна согласност Народната банка донесува решение за издавање согласност или за одбивање на барањето. При одлучувањето по барањето, Народната банка се раководи од тоа дали предложениот кандидат ги исполнува критериумите што се предвидени во законската и подзаконската регулатива. Притоа, исполнувањето на условот за старосна пензија не е критериум што во согласност со законската и подзаконската регулатива треба да се земе предвид при одлучувањето по барањето за издавање на претходната согласност за член на управен одбор на банка“, наведуваат од Народната банка.
Оттаму објаснуваат дека по издавањето претходна согласност од Народната банка, банката и членот на управниот одбор склучуваат договор за вработување деловни лица (менаџерски договор), каде што, во согласност со законската регулатива од областа на работните односи, страните можат поинаку да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос, покрај другите околности, и за престанувањето на важноста на договорот за вработување.
„Член на УО на банка, вклучувајќи и претседател на УО на банка, може да биде и лице што исполнува услови за пензија доколку ги исполнува законските услови за член на УО и за кого е издадена претходна согласност од Народната банка“, прецизираат од Народната банка.
Оттаму додаваат дека во согласност со Законот за банките, Народната банка има надлежност за издавање претходна согласност единствено за членовите на управниот и надзорниот одбор на банките, за кои нема ограничување за вршење на овие работни позиции по исполнувањето на условите за старосна пензија.