text size
На 26 август „Комерцијална банка“ објави понуда за преземање на 100 проценти од акциите на „Стопанска банка Битола“, но за да биде успешна понудата беа потребни минимум 67 проценти плус една акција. Не е изненадување што откупот не успеа до дадениот рок (22 септември), бидејќи 67 проценти од акциите е релативно висок праг, а за тоа се согласија само акционерите што поседуваат 45 проценти од акциите.