text size
Ќе успее ли „Комерцијална банка“ АД Скопје во намерата за преземање на „Стопанска банка“ АД Битола е прашање за кое се зголемува интересот како што се наближува 22 септември (недела), ден кога истекува рокот за прифаќање на понудата. Од „Пелистерка“, која заедно со поврзаното лице „Тимох“ се јавуваат како најкрупни акционери во битолската банка односно поседуваат 21,85 процент од вкупниот број акции, веќе јавно изразија незадоволство од понудената цена од 3.200 денари за акција, со образложение дека таа е ниска и не ја одразува реалната вредност на банката. Анализиравме кои акционери би можеле да имаат одлучувачка улога за успешен или неуспешен исход на понудата на „Комерцијална банка“.