Во период во кој геополитичките промени ја доведуваат во прашање транзицијата кон зелена енергија анализираме каква е иднината на ЕСГ стандардите. Прашуваме зошто Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад бара да им се одземат ингеренциите на општините за формирање на цената на водата.
Откриваме што предвидува новата фискална стратегија 2026-2030 којашто ја усвои Владата и за која треба да расправаат пратениците. Анализираме какви се разликите меѓу мажите и жените на пазарот на трудот во Македонија односно колкава е просечната заработувачка по час во зависност од родот.
Истражуваме какво е влијанието на дознаките врз економскиот раст во Македонија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Анализираме какви се финансиските извештаи на спортските клубови од Македонската берза.
Откриваме какви онлајн услуги нудат банките и финтек компаниите во странство и кога може да се очекуваат слични услуги на македонскиот пазар. Презентираме какви новини ќе има од 1 јануари 2026 кога ќе стапи на сила новиот Закон за работно ангажирање лица.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...