text size
Откриваме дека куповната моќ на македонските граѓани тапка во место три години по ред во однос на европскиот просек иако во земјава има континуиран раст на просечната плата.
Анализираме каква директна трговска соработка има Македонија со Израел и Иран, а каква имаат земјите од регионот и какви можат да бидат влијанијата од војната на Блискиот Исток.
Презентираме какви новини носат измените на Законот за стоковни резерви и прашуваме каква е понудата за браунфилд инвестиции во Македонија односно дали има реализирано вакви инвестиции и дали има интерес за некои напуштени објекти.
Откриваме дека во Македонија има продолжен инвестициски бум во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија.
Анализираме каква понуда за алтернативен туризам има Македонија, колку чинат ваквите тури и каков е интересот.
Истражуваме дали во Македонија постои интерес за инвестирање во недвижен имот во Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија и другите арапски земји и колку Македонци работат во овие земји.