text size
Економскиот раст на Македонија се забрза на 4,3 проценти на годишно ниво во вториот квартал, во споредба со 3,1 процент во првиот квартал. Главен двигател на растот беа инвестициите, кои се зголемија за 16,5 проценти во реални услови, при што особено силната градежна активност забележа зголемување од 21,9 проценти, вели Руди Лукачиќ, аналитичар за макроекономија и пазари на капитал во „Блумберг Адрија“. Според него, тоа покажува дека економското забрзување беше релативно широко распространето, а не само резултат на потрошувачката.
„Силниот раст на инвестициите не е изненадувачки со оглед на големиот инфраструктурен циклус на земјата, првенствено изградбата на автопати и енергетска инфраструктура. Владата и потрошувачката на домаќинствата сочинуваат над 80 проценти од БДП. Потрошувачката на домаќинствата остана солидна, растејќи за 3,3 проценти, додека извозот се забрза на 10,4 проценти“, наведува Лукачич.
Руди Лукачиќ / Блумберг Адрија
Сепак, додава тој, уште посилното зголемување на увозот од 12,5 проценти го ограничи придонесот на надворешната трговија кон вкупниот економски раст.
Прочитај повеќе
Македонската економија во вториот квартал со највисок раст во четири години
Бруто-домашниот производ порасна за 4.3 отсто во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
пред 3 часа
„Релативно високата стапка на раст не е само последица на ниската основа од минатата година. БДП порасна за 1,3 проценти на квартално ниво, откако порасна за само 0,4 проценти на квартално ниво на почетокот на годината, потврдувајќи го зајакнувањето на економската активност“, вели Лукачиќ.
Тој потсетува дека прогнозата на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ за годишниот раст на БДП во Македонија на почетокот на годината беше 2,9 проценти и засега таа останува, се додека не бидат достапни податоците за третиот квартал.