text size
Бруто-домашниот производ порасна за 4.3 отсто во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Двигател на економијата во вториот квартал беше градежништвото со раст на близу 21,9 отсто. Индустријата и трговијата и услужниот сектор во истиот период пораснаа за 4,1 отсто.
Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално порасна за 7.0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 83.2 отсто.
Прочитај повеќе
Европските берзи растат, но не и економиите. Македонија секако е различна
Анализираме зошто додека европските берзански индекси уриваат рекорди, економиите на континентот стагнираат.
24.08.2026
Жешкото лето ја чини Европа скапо: Пет удари врз економијата
Пет топлотни бранови, рекордно ниски реки и разорни пожари оставаат сè поголема економска сметка во Европа, загрозувајќи го и очекуваниот раст годинава.
18.08.2026
Еврозоната изненади: Економијата расте и покрај војната во Иран
И покрај зголемувањето на цените на енергентите и инфлацијата, еврозоната оствари економски раст над очекувањата, а Шпанија повторно се издвои како најсилна економија.
30.07.2026
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално пораснаа за 14.5отсто како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
„Денес растот од 4,3 отсто на реална, однсоно 8,3 отсто на номинална основа го остваруваме во поинакви услови - при умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Тоа е особено значајно за мала и отворена економија како нашата, силно поврзана со европскиот пазар. Македонската економија забрзува и покрај предизвикувачкото надворешно окружување“, рече министерката за фианнсии, Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција.
Таа посочи дека стапката на раст на македонската економија е значително над просекот на Европската Унија од 1,2 и еврозоната од 1,0 отсто, како и над стапките на раст во дел од земјите од регионот.
Кочоска рече дека според достапните податоци за вториот квартал од 2026 година, со економски раст од 4,3 отсто, Македонија е меѓу европските земјите со повисоки стапки на раст. Повисоки стапки бележат Словенија со 5, Данска со 4,7 и Малта со 4,5 отсто.
Гордана Димитриеска - Кочоска/Министерство за финансии
Димитриеска-Кочоска истакна дека политиките на Владата и Министерството за финансии и натаму ќе бидат насочени кон создавање услови за повисок и одржлив економски раст, реализација на капиталните проекти, поддршка на приватниот сектор и инвестициите, подобрување на деловното окружување и одговорно управување со јавните финансии.
Целта, како што нагласи министерката, е позитивните економски резултати да се преточат во повисок животен стандард за граѓаните, повеќе можности за компаниите, нови инвестиции и посилна и поконкурентна македонска економија.
Текстот е ажуриран со изјавата на министерката за финансии.